Загадениот воздух во Битола е причина за тешки болести помеѓу нашите сограѓани…отровот кој го има во битолскиот воздух не труе сите нас, неприметно, постепено, секој ден, изјави на денешната прес-конференција Горан Милевски од ЛДП.
Според Милевски почвата од Пелагонија ја загадува цела Македонија, а неговиот град дише смртоносен воздух полн со PM10 и PM2,5.
„Овие честички во воздухот на Битола ги има далеку над границата, а во некои денови и од 10 до 13 пати повече од дозволеното“, вели тој.
Тој вели поради ваквото загадување, Битола е на прво место во Македонија по канцерогени и кардиоваскуларни заболувања.
Милевски во името на ЛДП партијата, ги повика сите надлежни институции да говорат на оваа тема без страв и посочи дека на утрешната седница во Битола кога ќе се разгледува загадувањето во градот, итно ќе бара да се донесат заклучоци, и директно да се посочат сторителите за загадениот воздух.




