Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: Груевски да дојде на финалниот извештај за „Скопје 2014“

0
By Нова ТВ on November 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 19, 2013 13:37

„Ревизијата на скапиот и криминален проект „Скопје 2014“ завршува и разбирлива е се’ понагласената нервоза кај владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем, тие најдобро знаат какви наредби давале и што е се правено, и тоа главно преку општина Центар.

– Како што ветив, за 6 месеци ангажираните експерти ќе излезат со комплетна информација и наоди за проектот „Скопје 2014“. Уверен сум дека ангажирањето на експертската комисија не било залудно, како што вчера, немоќно се обидуваше да најде оправдување и да се амнестира ВМРО-ДПМНЕ“, изјави денеска градоначалникот на О.Центар, Андреј Жерновски.

Тој истакна дека е чиста лага дека ветил за 90 дена да заврши ревизијата. Јавноста знае дека беше планирано ревизијата да се комплетира за 6 месеци.

„Без намера да прејудицирам, ќе и оставам на експертската комисија, која работеше без никакви притисоци од моја страна, да соопшти до какви сознанија дојде за законитоста и легалноста на „Скопје 2014“.

– Минатата недела заврши двомесечната ревизија на Државниот завод за ревизија за финансиските извештаи во општина Центар во 2012.година, која дојде во општината на моја покана.Верувам дека посебно внимание било посветено на проектот „Скопје 2014“ и со нетрпение го очекувам и нивниот извештај“, рече Жерновски.

Според него граѓаните имаат право да знаат како и кој ги трошел нивните пари, и затоа транспарентноста во нашето работење е неопходна.

„Јавноста очекува од владеачката ВМРО-ДПМНЕ со иста ревносност, како што следат и прашуваат до каде е комплетниот ревизорски извештај за „Скопје 2014“, да се заангажираат и да се заинтересираат до каде е одговорот и какви се согледувањата на Јавното обвинителство за прелиминарниот извештај од комисијата. Поминаа цели 90 дена откако јас го предадов во обвинителството овој прелиминарен извештај. За жал, нема ни трага ни глас од одговор.

– Ги повикувам премиерот, министерот за култура и сите оние кои имаат свој удел во „Скопје 2014“ да дојдат на прес конференцијата, која ќе се одржи на 28ми, овој месец, кога ќе бидат соопштени финалните резултати и согледувања од ревизијата на проектот „Скопје 2014“. Ќе имаат што да чујат и ќе треба да дадат одговори на многу прашања“, рече на крај градоначалникот на Центар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.