Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИПА фондовите за поголема инклузија на Ромите

0
By Нова ТВ on November 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 19, 2013 15:19

Во последните осум години Македонија направи голем исчекор во однос на инклузијата на Ромите, но потребни се дополнителни напори за нивна целосна инклузија. Ова е еден од заклучоците на конференцијата „ИПА фондови за Роми“ и „8.Ромски економски форум“ што денеска се одржува во Скопје во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка, општина Шуто Оризари и Ромскиот деловен информативен центар.

– Во Република Македонија е направен голем исчекор, особено со фактот што Ромите се дел од Уставот во кој се утврдени како заедница која живее во земјава со сите права што ги имаат и останатите граѓани. Македонија е и земја која ја има усвоено „Декадата за Ромите“, стратегија во која се предвидени активности што делумно се поддржуваат од Буџетот на Република Македонија, а делумно од фондовите кои ги добива земјава, рече вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими во обраќањето на отворањето на конференцијата.

Според Бесими, ИПА фондовите во Македонија досега помогнале да се поддржат неколку значајни проекти за Ромите.

– Има и одредени проекти кои се поддржани од Буџетот на Република Македонија како што се Вклученоста на ромските деца во јавните градинки, Условно стипендирање во средните училишта, Воспоставување на 10 стипендирани информативни центри сместени во ромските заедници, Стипендии за 600 студенти од ромската заедница, Седум локални комунални инфраструктурни проекти во општините населени со ромска популација, рече Бесими.

Роберт Лидл од Делегацијата на ЕУ во Македонија истакна дека во Европа и пошироко постои дискриминација за Ромите, социјална ексклузија, висока невработеност, недоволен пристап до здравственото осигурување, 90 отсто од Ромите се на работ на сиромаштија.

– Се обидуваме да направиме повеќе за Ромите, но не можеме премногу да направиме. ИПА фондовите се само еден мал дел од сликата. Кога говориме за владините фодови се чувствувам силен дека може да помогнеме и на националните влади. Треба да се направат нови стратегии за Ромите и да се одредат подобри цели за да може ромските прашања успешно да се адресираат, рече Лидел.

Пратеникот во српскиот Парламент Срѓан Шајн истакна дека Ромите речиси и да не се застапени во европските институции и додаде дека Ромите се тие што треба да се прашаат за сите процеси кои ги засегаат.

– По еден пратеник Ром има во Македонија, Србија, Хрватска и Романија, но во Парламентарносто собрание на ОБСЕ нема ниту еден пратеник Ром, во ЕУ има само еден, а во Советот на Европа ниту еден. Значи нема човек што ќе ги претставува интересите на ромската заедница во Европа, ниту, пак, некој што ќе ги контролира огромните пари кои треба да бидат одделени за Ромите, рече Шајн.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.