Андреј Жерновски продолжува од една лага да влегува во друга. Во услови кога не сработи ниту еден конкретен проект во општина Центар тој продолжува со популизам да ја покрива неговата неспособност, се вели во соопштението до јавност од ВМРО – ДПМНЕ.
Жерновски: Груевски да дојде на финалниот извештај за „Скопје 2014“
Според партијата ревизијата која Жерновски ја прави, беше главното ветување кое го даваше во време на изборите, но дури и тоа не успеа да го реализира. Поминаа и 90 дена колку што првично си ги постави како рок, поминаа и 6 месеци, а комисијата која нетранспарентно ја креираше Андреј Жерновски не успеа да пронајде ништо спорно во постапките кои се водени за овој проект.
„Сега под притисок кога јавноста бара објаснување каде ги потроши 10.000 евра за наводна ревизија, Жерновски се обидува набрзина да си го пролонгира рокот за уште десетина дена.
– Едвај чекаме да ја заврши конечно оваа ревизија, која граѓаните ги чинеше и пари и изгубено време, па да видиме какви се лаги ќе фабрикува само за да се оправда за случајот кој самиот го отвори и вети дека ќе го заврши за 6 месеци“, велат во ВМРО – ДПМНЕ.




