– Неразвојните буџети на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, во 8 годишното владеење, ја спуштија Македонија на просечна стапка на раст од само 2,5 проценти. Со ваквата стапка на раст, што е резултат на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, на Македонија и се потребни 30 години за да го дуплира својот БДП, вели Кире Наумов од СДСМ.
Тој потенцираше дека повисоки стапки на раст имало само во 2007 и 2008 година, благодарение на полните фондови и државни депозити што ВМРО-ДПМНЕ ги наследило во 2006-та од тогашната Влада на СДСМ. Во сите наредни години, вели тој, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ немаат остварено стапка повисока од 2,9 проценти.
„Необмислената ЛОТО идеја со фискалните сметки е панична реакција на власта, на предлог мерката на СДСМ, за повраток на 15 проценти од ДДВ-то, во којашто граѓаните препознаа реална и остварлива политика за подобар живот. Очигледно ЛОТОТО е новата, очајна политика на Груевски за дупките што ги отворија со своето владеење. За расипнички испразнетата буџетска каса, решение им се екстремно високите казни и најавените Црни листи на неплаќачи на данок“, вели претседателот на Советот за економски прашања на Социјалдемократскио сјоуз.
Според него, класичен пример претставуваат малите продавнички, што ја трпат даночната политика на Груевски.
– За граѓаните има уште едно ЛОТО, а тоа е, ако некој биде начекан на 15 метри од некоја продавница без фискална сметка, да биде среќен плаќач на казна, вели Наумов.
Тој го повика економскиот тим на ВМРО ДПМНЕ предводен од Груевски и Ставревски, да дебатираат за теоретските и научните познавања на економијата како и за нивната практична примена




