Премиерот Груевски мерките кои ги промовира оопзицијата за подбрување на социо економската ситуација се комични.
Јас отсекогаш сум бил за тоа дека опозицијата треба да дава предлози, меѓутоа треба да се даваат обмислени предлози. Тука е моментално проблемот кај СДСМ. Имаат прилично необмислени предлози, вели Груевски прашан за мерките на опозицијата што ги промовира изминатиот период. Една категорија предлози кои изгледаат малку комично, од типот дека туризмот во Крушево ќе го решат со тоа што ќе се прошири распустот на децата во училиштето. Тоа делува комично.
Ќе ги дуплираат субвенциите за земјоделците. Замислете, тоа беа луѓе кои воопшто не даваа субвенции за земјоделците, а сега откако ние даваме по 135-140 милиони евра годишно, тие велат дека ќе ги дуплираат и тоа на луѓето им звучи смешно. “ – изјави премиерот.
На оваа изјава на Груевски реагираа од СДСМ.
Со денешната изјава на премиерот Никола Груевски, конфузијата на ВМРО-ДПМНЕ по крајно позитивните реакции на граѓаните за предлог мерките на СДСМ, доби нова, траги- комична форма. Чувствуваме должност пред граѓаните да му го објасниме на премиерот Груевски она што е видливо дека не му е јасно. Господине Груевски, кога субвенциите ќе се поделат на вистински, правичен начин, и тоа на вистинските земјоделци, тоа не е дуплирање туку мултиплицирање на субвенциите во земјоделието. Субвенции за купување на гласови и политичка злоупотреба на земјоделците не се комедија, туку трагедија што ја предизвика ВМРО-ДПМНЕ.“ – стои во писменото соопштение на СДСМ.




