Владата треба да го преиспита процесот на децентрализација. Тоа ќе доведе до концентрација на моќта во еден град, како што се случува сите овие години. 8 години во Скопје каде се инвестира. Навистина е поразително за хидросистем да не се дадат бараните средства, а неколку кратно повеќе во Буџетот да има средства за плажи на Вардар. Тоа не може апсолутно никој да го прифати кој размислува со здрав разум, рече денеска пратеникот Митре Велјаноски, на Комисија за финансирање и буџет.
– На тие луѓе им е загрозена основната егзистенција, а тука се даваат за хирови. Има каде да се оди на плажа, Господ и дал на Македонија. Со сила не може да правиме на Вардар туристички атракции. Тоа се фрлени пари во бунарот. И од тие причини излегов, поттикнат од визионерството на Петре Андреевски, што ја предвидуваше кон каде се движиме. Полека селото исчезна, полека и малите општини, една по една исчезнуваат од вашите политики на власта. Се е сконцентрирано во централната власт. Сите средства одат во Буџетот.
– Од тие причини апелирам доколку имате мандат господин заменик-министер, ако сте овде би требало да имате мандат, да го прифатите овој или некој од наредните мандати, кои се однесуваат за опстанок за некои од средините кои зборуваме“, рече Велјановски.




