Уште едно основно училиште деновиве мета на крадци. Се работи за основно училиште „Ѓорѓија Кастриот Скендербег“ во скопското село Орлаци каде крадецот влегол и украл 26 компјутери.
Според податоците од полицијата, крадецот ја извршил кражбата откако насилно ја отворил вратата и извршил пребарување. Полицијата работи на случајот.
Не помина ниту еден месец од последната кражба, која се случи на 23 минатиот месец во основното училиште „Стив Наумов“ во Скопје, кога беа украдени 61 компјутер лап топ. Случајот, по два дена го расветли полицијата која поднесе кривични пријави за „тешка кражба“ против лицата, К.С. (19) од Скопје и и Х.П. (22) од Прилеп.
Компјутерите се дел од проектот на Владата “Компјутер за секое дете“, Министерството за образование не е надлежно за надомест на направената штета.
Надлежноста на Министерството за образование завршува со доделувањето на компјутерите и потпишувањето на договори со општините и училиштата. Останува на полицијата да ги ресчистува случаите, а децата да учат компјутерско образование без компјутери.
Бидејќи голем дел од училиштата не можат да обезбедат сигурносни камери или да платат Агенции за обезбедување, компјутерите како и другата опрема во објектите станува лесен плен за крадците.
Додека владата одамна го прогласи за спроведен и успешен проктот “Компјутер за секое дете“, само дел од учениците имаат соодветно компјутерско образование, бидејќи ниту општините, ниту училиштата можат да ја надоместат штетата по кражбата.
Полицијата вели дека успева да расчистат над 50 проценти од ваквите кражби, ако го пронајде и пленот – компјутерите се враќаат в училиште, останатите 50 проценти нерасчистени случаи остануваат надвор од владиниот прокет “Компјутер за секое дете“.




