Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бајрамовска-Мустафа: Образованието не е подготвено за инклузија во новата учебна година

0
By Нова ТВ on July 23, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 23, 2019 11:05

Народниот правобранител испрати мислење со предлози и констатации за Нацрт-законот за основно образование до министерот за основно образование и наука Арбeр Адеми, во кое наведува дека ако не се исполнат нивните предлози и основни констатации, повторно ќе имаме инклузија која ќе биде само правно уредена и нема да може практично да се имплементира, објави СДК.МК

Нацрт-законот за основно образование на 18 јули имаше прво читање од собраниската Комисија за образование и спорт, а предизвика реакции откако професорите од Институтот за специјална едукација и рехабилитација (дефектологија) при Филозофскиот факултет во Скопје минатиот месец реагираа со отворено писмо дека не се вклучени во подготвувањето на новиот Закон.

„Она што дополнително нѐ загрижува е тоа што Нацрт-законот во вид на Предлог-закон влезе во собраниска процедура и се очекува негово донесување. Во Нацрт-законот ние не видовме преодни и завршни одредби во делот на тоа кога ќе стапи во сила. Тоа значи дека ако Законот влезе во сила со неговото донесување и ќе важи од новата учебна година, прашањето е: Дали сме ние подготвени навистина инклузивно да делуваме?“, вели Заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа за САКАМ ДАКАЖАМ.МК.

Бајрамовска-Мустафа вели дека инклузивноста значи и создавање на пристап и обезбедување услови за достапност и она што многу го бара Конвенцијата за права на лицата со попреченост, а тоа е разумно прилагодување.

„Во смисла на тоа создавање услови да се види функционалноста на детето, а не неговата попреченост. Тоа значи: детето што може во образовниот процес, до кој степен може да му се помогне и во таа насока да биде на еднакво ниво со останатите. Искрено, очекуваме и се надеваме дека Министерството за образование и наука со неговата заложба која ја поздравуваме, за инклузија на сите деца во редовното образование, со такво нешто ќе продолжи и во средното образование. Ние направиме неколку истражувања и во претшколските установи, основното и средното образование каде утврдивме дека ние зборуваме формално за инклузија, а во пракса имаме целосна исклученост на децата со попречеченост од една страна, а од друга страна неедуциран кадар кој би можел да излезе во пресрет на потребите и барањата за секое дете. Конвенцијата за правата на детето укажува дека сите деца се еднакви“, вели Бајрамовска-Мустафа.

Меѓу забелешките, Народниот правобранител реагира и за член 15 став 2 од Нацрт-законот, каде е наведено дека училишниот инклузивен тим го сочинуваат педагог, односно психолог, наставници, родители, специјален едукатор и рехабилитатор и директорот на училиштето, како и членот 16 каде е уредено дека „во основните училишта за потребите на учениците со попреченост се организираат центри за поддршка за учењето на учениците со попреченост“.

Бајрамовска-Мустафа вели дека писмото е испратено и до Националното координативно тело при Владата за импелемтација на Конвенцијата, чија основна задача меѓу другото е и придонес кон правната регулатива од секаков аспект во поглед на создавање на услови за квалитетно живеење на децата и лицата со попреченост.

„Очекуваме кога ќе влезе во Собрание да се оди со амандмани и да се доуреди со поздаконски акти за да не биде на штета на децата“, вели Заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.