Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ХК: Децата надвор од образованието и матичната евиденција сеуште проблем во РМ

0
By Нова ТВ on November 20, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 20, 2013 14:34

Интегрално соопштението од Хелсиншкиот комитет:

Согласно резолуцијата 836 (IX) донесена на 14 декември 1954 година од страна на Генералното Собрание на Обединетите нации, денес се одбележува Меѓународниот ден на децата.

Денешниот ден пред се се однесува на донесувањето на Меѓународната декларација за правата на детето која што беше изгласана од државите-членки на ООН на 20 ноември 1959 година како необврзувачки документ за 30 години подоцна да биде донесена Конвенцијата за правата на детето во 1989 година и подоцна донесувањето на трите Опционални протоколи со кои државите се обврзуваат да ја унапредат и зацврстат националната правна рамка во насока на обезбедување подобри услови и заштита на децата на одредена територија.

Потребата од заштитата на правата на децата произлегува од фактот дека тие претставуваат високо ранлива општествена група која што лесно може да биде изложена на злоупотреба и насилство. Согласно ООН, децата се изложени на насилство, експлоатација, виктимизација од страна на возрасните секојдневно но и на глад, болести и недостаток на социо-економски услови за здрав и активен живот во државите кои се сметаат за сиромашни или пак држави во развој. Дополнителен проблем на децата е пристапот до образованието кое во многу држави се јавува како резултат на економска депривација на државите овозможувајки соодветна околина за искористување на детски работен труд преку просење, работа во фабрики и работа во сексуалната нелегална индустрија. Несомнено еден од најголемите проблеми со кои се соочува светот е и трговијата со деца и органи, трговија која е најзастапена во средини каде што децата немаат услови за добивање на лични документи.

И во Република Македонија децата се соочуваат со можноста да станат жртви на нелегална трговија со деца и органи, подведување и присилна сексуална работа и искористување на детскиот работен труд преку работа на улица. Како најранлива и воедно маргинализирана група се децата од ромската заедница кои се соочуваат со проблеми при водење на матична евиденција на новороденчиња и издавање на лични документи.

Недостатокот на лични документи ги става децата во нерамноправна положба и оневозможува да имаат еднаков пристап до права и слободи. Меѓутоа како најголем проблем кој сериозно треба да не загрижи како општество е злоупотребата на т.н. „фантом-деца“ кои не се заведени во матичната евиденција и немаат лични документи со што се изложени на висок ризик од киднапирање, препродавање и злоупотреба на детскиот труд преку најлошите форми како што е работата на улица (питачење и сексуална работа).

Преку отворањето на дневните центри за децата од улица во 2004 година, Република Македонија направи чекор кон заштита на правата на оваа ранлица група, меѓутоа присуството на децата надвор од образовниот систем како и од системот за матична евиденција сеуште претставуваат проблем. Овој ден се одбележува воедно и да се потсети државата дека приоритет на заштита е токму оваа ранлива група како што всушност и најдобро ни посочува следната порака од Генералниот Секретар на ООН изнесена на Светскиот самит за деца во 2001 година:

„Еднаш сите ние бевме деца. И ние треба да ја делиме истата желба за унапредување на добробитот на нашите деца. Тоа беше и ќе остане универзална аспирација на целото човештво“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.