Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје по ’63-та: за земјотресот и реконструкцијата

0
By Соња Трајковска on July 26, 2019 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 26, 2019 08:18

Рано наутро на 26 Јули, 1963 година Скопје е погодено од земјотрес со интензитет од 6.1 степени (според рихтеровата скала). Со само траење од 20 секунди, првиот и најсилниот потрес, разрушува 65% од градските структури. Во катастрофата над 1000 жители ги губат животите, а бројот на повредени е три пати поголем.

Во текот на денот следуваат низа послаби тремори кои ги вадат сите скопјани на улиците од разурнатиот град. Првите реакции се грижа за повредените и спасување на луѓе заглавени под урнатините. Во ваква атмосфера почнува да се развива силно чувство на заедништво, дисциплина и групен напор за стабилизација по катастрофата.

Вестите за Скопскиот земјотрес брзо се шират, и нашиот град станува главна тема во рамки  на светските случувања. Поради неутралноста на СФР Југославија за време на студентата војна, Скопје добива помош од држави од двете страни на железната завеса. Донациите се во форма на медицински средства, крв, вода и храна, како и војници и машинерија за расчистување. Градот претставува симбол на солидарноста и местото каде за прв пат по војната повторно се среќаваат американските и советските војници.

Уште следниот ден претседатлот Јосип Броз Тито, го посетува градот и го најавува почетокот на процесот на реконструкција, кој продолжува да се одвива до крајот на 70те години.

„Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме. Тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност.“

– Јосип Броз Тито

РЕКОНСТРУКЦИЈА

Интернационалната помош, организирана од Обединетие Нации, продолжува и во периодот по катастрофата, во форма на парични средства, градежни зафати и интернационални експерти.  Низа сеизмолози, хидролози, урбанисти и архитекти од целиот свет, се здружуваат со заедничка цел за постземјотресната обнова на Скопје. Од овие професионалци ОН ја формира и групата задолжена за изработка на новиот урбанистички план на Скопје. Во неа членуваат тимовите од Југославија, Јапонија, Полска, Грција и Холандија, а за проект менаџер е назначен варшавскиот архитект Адолф Циборовски.

Пред почетокот на новиот урбанистички план на Скопје, експертите прават низа истражувања и анализи на територијата на Скопската Котлина.

Првото прашање е зачувувањето на локацијата на престолнината, или нејзино преместување поради сеизмички активната подлога. Британскиот сеизмолошки инжињер проф. Амбрасеј, по неговите истражувања на Скопје, тврди дека промена на локацијата не е потребна, доколку се следат неколку совети за градење во земјотресни подрачја:

Регулирање на коритото на Р. Вардар и избегнување на чести поплавувања кои ја ослабуваат носивоста на земјиштето и самите конструкции;

Градење надвор од најсилните сеизмолошки подрачја околу коритото на Вардар;

Градење структури дизајнирани да ги издржат страничните сили при земјотреси;

Формирање на институт за земјотресно инженерство во Скопје, кој е и првиот во Европа;

Земјотресот остава специфични оштетувања на објектите по катастрофата. Многу од структурите не се обрушени и сеуште стојат исправени, а од далеку градот сеуште наликува на неговиот предходен изглед.

Со приближување до градбите се забележуаат косите пукнатини кои се непоправливи оштети на самите конструкции. Тие ги прават објектите нестабилни за идно живеење, поради што голем дел се срушат.

Ова го отвара второто прашање во процесот на реконструкцијата, проценката на  штетите од земјотрест. Експертите ги делат објектите во Скопје на структури со минарни оштетувања, оштетени градби кои можат да се поправат, и објектите кои мора да се уриваат. Од градбите кои сеуште стојат по земјотресот, пола не ги поминуваат статичките стандарди и заради тоа се срушени.

Од текстурата на градот кој преостанува по катастрофата, експертите прават анализи на нејзините урбани и архитектонски вредности. Историските комплекси на Чаршијата и Калето, се дефинираат како најзначајни точки од старата урбана форма и се заштитуваат како културно историско богатство. Тие се првите дефинирани зони во новиот урбанистички план, кој дополнително го предвидува нивното реконструирање и ревитализирање.

 

*Објавено на Марх

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.