Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хојсген: Македонија е високо на агендата на Меркел!

0
By Нова ТВ on November 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 21, 2013 10:50

Пред средбата Меркел – Самарас, најблискиот соработник на канцеларката за надворешна политика вели дека спорот со името е високо на агендата, но позициите на Самарас и Груевски, работите не ги прават поедноставни, објавува Дојче Веле.

„Во суштина Македонија, односно прашањето за името во последниве 20 години е отворена рана. Во позадина и канцеларката прави обиди ова прашање да се реши. Во суштина не станува збор само за името, туку за стабилноста на земјата и на регионот. На почетокот на 2001 година земјата се соочи со граѓанска војна и затегнатост меѓу различните етникуми кои сѐ уште целосно не се надминати. Затоа, решавањето на прашањето околу името ќе придонесе да се одбегне насилството зашто земјата ќе стане членка и на НАТО.

– Можете да бидете сигурни дека оваа тема е високо на нашиот дневен ред иако можеби не се забележува. Во една пауза на коалиционите преговори Канцеларката се сретна и со медијаторот Нимиц, посредникот на ОН во спорот со името. Тоа би требало да биде сигнал до земјите дека оваа тема ја имаме високо на агендата“, изјави Кристоф Хојсген, раководител на одделот за надворешна, безбедносна и развојна политика во германската влада.

Неговото образложение за ангажманот на владата околу спорот со името и Македонија уследи како одговор на прашање на Хајнц Нојбауер, поставено на првата „Аденауер-конференција“ во Берлин (19. ноември) , тематски посветена на улогата на Германија во меѓународната безбедносна политика.

Според Кристоф Хојсген, канцеларката за спорот околу името веќе разговарала со Самарас. Хојсген подвлече дека Самарас „нормално кажал дека поради економската ситуација во земјата, не можел да направи компромис во партијата и во парламентот “.

„Но, и во Македонија премиерот Груевски исто води многу националистичка политика, па речиси нема село во Македонија каде не е поставена скулптура на Александар Велики. Значи, ваквата ситуација не ги прави работите поедноставни, но можете да бидете сигурни дека ова прашање е често на дневен ред“, потенцираше Хојсген, кој за ДВ потврди дека во петок главна тема на разговорите во Берлин меѓу Меркел и Самарас ќе биде финансиската состојба на Грција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.