Неколку лица се приведени во големата полициска акција која се спроведува во Македонија, од МВР не ја откриваат точната бројка на приведените, само посочуваат дека по едно лице се трага.
Станува збор за разбивање на таканаречена „Хамбург мафија“ која се занимавала со изработка на секаков вид лажни документи: лични карти, патни исправи, возачки дозволи.
Во акцијата клучна улога имала компанија од Скопје која го носела името FBI, друштво регистрирано за трговија и туризам основано главно од лица кои живеат во скопско Арачиново.
Како што изјави за НОВА Иво Котевски, портпарол на МВР, во истовреме во Германија се вршат претреси во повеќе домови.
Осомничените изработувале лажни документи од земјите на Европската Унија, најчесто Бугарија, Грција и Италија. Дел од уапсените се приведени во Скопје, а дел предходно биле приведени во Хамбург, Германија.
Од полицијата велат дека повеќе информации за оваа акција ќе објават подоцна.




