Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај „Рекет“: Битолски бизнисмен платил 750 000 евра за идеја за социјални станови

0
By Нова ТВ on July 27, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 27, 2019 17:25

Позната градежна фирма чиј сопственик е од Битола уплатил 750 илјади евра на сметка на повозрасна жена која живеела во центарот на Скопје. Жената била дел од структурите на Меѓунардниот сојуз, хуманитарната организација основана само од Бојан Јовановски-Боки 13, објави Телма.

Првата сомнителна трансакција поврзана со рекетот се случила есента 2017-та година, потврдуваат за Телма од повеќе институции задолжени за откривање на криминал. Трансакцијата не била сомнителна само поради висината на префрлената сума од 750 илјади евра. Дополнително сомнеж предизвикале учесниците во трансакцијата.

Кога парите легнале на сметката, банката согласно законските обврски за спречување на перење на пари ги алармирале надлежните финансиски истражни органи. Тие отвориле постапка. Бабата на чија сметка стигнале парите пак заминала во една експозитура откако во централата на банката најавила подигање на целата сума. Пред да ги подигне парите. Првин платила данок од 10 проценти – со што алармот стигнал и до УЈП. Кога жената отишла да го подигне кешот, носела торба, а вработените првин мислеле дека таа е дојдена да си ја подигне пензијата, но потоа сфатиле дека станува збор за огромна сума која веќе им била доставена. Веднаш по излегувањето бабата со торба пари се качила во автомобил и заминала.

Телма објави дека истражните финансиски органи отвориле постапка и на распит ги викнале и бабата примател на парите и претставникот на фирмата која ги уплатила 750-те илјади евра. И двајцата имале иста приказна за причините за големата трансакција. И бизнисменот и скопјанката од Меѓунаородниот сојуз кажале дека парите се дадени поради идејата за изградба на социјални станови, која ја промовирала жената на Ден на идеи во Владата предводена од екс премиерот Никола Груевски.

На тие манифестации, скопската пензионерка ја кажала идејата за изградба на социјални станови која била оценета како интересна и изводлива. Бизнисменот тврдел дека со парите всушност ја преземал идејата која подоцна станала и проект на Меѓуанордниот сојуз на Боки 13, каде членувала и скопјанката која ги извлекла парите во кеш.

Во истрагата двапати исказ давал и Јовановски, кој тврдел дека станува збор за заеднички проект и дека парите биле уплатени преку лично име поради сопственоста на идејата. Истражителите се сомневале и на рекет, но бизнисменот тврдел дека станува збор за заеднички проект со меѓународното здружение, проект кој треба да заврши до 2020-та година. Имало и сомнежи дека бизнисменот само се обидува да извлече пари, но тоа е отфрлено затоа што поради рамниот данок и волку големи суми се оданочуваат со иста стапка од 10 проценти како што бил и данокот уплатен од бабата со идеја.

Поради исказите на вмешаните во трансакцијата, истрагата е оставена без завршеток, односно без осомничени, а ќе може да се отвори единствено доколку до 2020-та година не заврши проектот со социјални станови во Битола кој во моментот не е тргнат од нула. За овој проект дури и битолската градоначалничка Наташа Петровска имала состанок со Боки 13, но не ги прифатила условите на сега првоосомничениот за рекет. Градоначалничката вчера даде и исказ во истрагата на обвинителството.

Од обвинителството не откриваат детали за првичната истрага со 750.000 евра, и на кој начин ќе се користат тие сознанија во актуелната истрага.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.