НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Институциите по трет пат глуви, пред барањата на глувите лица

0
By Менче Атанасова Точи on November 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Глувите по трет пат се обидоа  да си ги побараат своите права и тоа на јубилејната прослава, 65 години од постоењето на Сојузот на глуви на РМ.  Со транспаренти на кои пишуваше „Васко Марков оди си, не те сакаме“, „Марков врши трговија со луѓе“, глувите лица од цела држава се собраа пред Домот на АРМ каде се одржуваше прославата, каде беше присутен и Министерот за труд и социјала Диме Спасов. Тие побараа од Марков да излезе,  да разговараат и да му ги соопштат барањата, но тој одби кога претставничката од Хелсиншки комитет го замоли да излезе. Министерот Спасов откако ја изгледа програмата си замина од другиот влез.

Глувите се револтирани од самоволието на Марков,  лути се биејќи ниту еден преведувач не излезе од прославата за да им помогне во преведување, кога даваа изјави пред медиумите. Еден од  нив, Џемаил Аземовски тврди дека заедно со неговите три деца, пред неколку дена бил нападнат од 13 лица, меѓу кои имало и глуви лица кои ги познава. Случајот е пријавен во полиција и во Хелсиншкиот комитет.

-За да ме смири претседателот Марков ми понуди работа како обезбедување, ми даде и покана за денешната прослава, кога одбив и си заминав, ги прати луѓето кои ме нападнаа на автобуска постојка во центарот на градот, јас се изгубив, а моите деца се трауматизирани, изјави Аземовски.

Глувите објаснија  дека во Сојузот им се заканиле дека нивните апликации за огласот во Македонски шуми за инвалидизирани лица нема да бидат земени во предвид бидејќи протестираат. 

Во исто време внатре во Домот на АРМ министерот Спасов од говорницата истакнал дека во последните години е подобрен квалитетот на животот на глувите.

-Унапредени се основните човекови права, се заложивме за афимација на знаковниот јазик, на социјалната заштита, комуникациски бариери и организиран спортски живот изјави министерот Спасов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.