Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ПЕП21: Потребна е дислокација на економијата и политиката низ цела Македонија

0
By Нова ТВ on November 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 21, 2013 13:54

Партијата за економски промени 21 (ПЕП21) смета дека крајно време е да се дислоцира економската, образовната и политичката моќ од главниот град Скопје кон внатрешноста на земјата.

– Поради лошата економска стратегија делови во внатрешноста на Македонија демографски се опустошуваат. Времето на „комунистичката колективизација на Скопје“ одамна го зеде демографскиот данок, но време е сериозно да се отпочнат напори за рамномерен развој на целата територија на Република Македонија, стои во соопштението на ПЕП21.

ПЕП 21, предлага Владата да превземе брза и соодветна акција со цел што поскоро да се спречи целосна демографска еутанизација на Македонија.

„Истовремено поради погрешната економска и демографска политика во државава, се создава демографски стеснет простор, кој повеќе не може да одговори на современите движења, односно на вештачкиот пораст на населението во главниот град“, пишува подолу во соопштението.

Според нив, поради миграцијата наметната од лошата економска состојба на граѓаните во Република Македонија и потрагата по егзистенција и подобар живот, Скопје го изгубил духот на „престолнина“.

Оттаму бараат вонредни краткорочни и среднорочни економски мерки кои ќе овозможат вработување, финансиска поддршка на граѓаните, даночни ослободувања, правилна и оптимална распределба на земјоделските површини во државна сопственост, како и запуштените земјоделски површини, инвестиции во стопанството, во здравството, во човечките ресурси, изградба на социјални и други станови во сите градови и населени места во државата, не само во Скопје, граѓаните нема да имаат потреба да се преселуват во главниот град и во странство.

– Македонија веќе не може да се потпира на вработувања во тешка индустрија туку, на сериозно реактивирање на аграрната политика која за краток период може да резултира со вработување на над 150 000 невработени граѓани со тенденција за зголемување на бројката. Државата да помогне земјоделците со средства од ИПАРД-програмата да изградат објекти за примарно земјоделско производство и да набават технолошка опрема. Да се овозможи создавање на нова извозно ориентирана прехранбена индустрија, потенцираат од партијата.

ПЕП 21 верува дека со политичка волја и правилна економска стратегија Република Македонија може да доживее рамномерен развој и демографска рамнотежа на целата своја територија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.