Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто Груевски бара обезбедување?

0
By Сашка Цветковска on January 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 21, 2013 17:18


Себичност и популизам – вака експертите за безбедност го оценуваат предлог законот со кој премиерот добива обезбедување по истекувањето на мандатот. Според професорот Владимир Пивоваров, во Македонија не стои аргументот дека овој премиер се бори со организираниот криминал и безбедносните закани се големи.

“Тоа е уште еден обид за популизам во државава, демек се бориме со криминалот. Јас не гледам дека навистина имаме вистинска борба, напротив речиси сите обвиненија за организиран криминал паднаа. Земете ги наназад сите бомбастични апсења, сите завршија со ослободителни пресуди”, вели професорот Владимир Пивоваров.

Дека тезите се популистички, се согласува и поранешниот премиер Владо Бучковски. Вели дека институцијата претседател на владата треба да добие некакви бенефиции по истекувањето на мандатот, но, не на овој начин и не без опозиција во парламентот.

“Тоа мене ми изгледа на уште еден вид на дополнителна пропаганда која би требало овој претседател на владата да го направи поинаков од другите. Јас во овој момент, не само заради тоа што опозицијата не е во парламентот, сметам дека ќе беше многу посоодветно да се отвореше во пакет со регулирањето на статусот на претседател на државата. Де факто иако според протоколот број еден политичка личност е претседателот на државата, реално најмногу моќ и најмногу можност да дојде во судир со одредени групи има премиерот”, вели поранешниот премиер, Владо Бучковски.

На иста линија е и поранешниот премиер Љубчо Георгиевски. Не ја спори потребата од закон за некакви бенефиции на поранешни премиери, но смета дека Груевски ова го користи единствено за себепромоција како голем борец против криминалот, притоа намалувајќи ја важноста на своите претходници.

“Она што е неумесно е што принципиелно ќе беше ако ова се направеше пред шест – седум години кога доаѓаше оваа влада на ВМРО ДПМНЕ, а не сега. Втората неумесна работа е што се прави само за една личност, а не за сите премиери. И третата работа што, исто така, е неумесна се аргументите. Кој се борел и колку се борел против криминалот е малку банално. Сите премиери до сега имале свои битки во борбата против криминалот”, вели поранешниот премиер, Љубчо Георгиевски.

За експертите, пак, спорни се повеќе прашања – од можноста сам да го бира своето обезбедување, па до тоа самиот поранешен премиер да оценува колку време ќе му биде потребно.

“Никаде нема вакви мерки за поранешни премиери, посебни специјални мерки, туку органите за внатрешните работи, не само премиерот, туку за секој граѓанин ако има загрозен живот по службена должност да преземе дејствија за заштита на неговиот живот. Законот тоа го предвидува.”, вели Пивоваров.

“Она што не е добро во оваа изјава е што премиерот самиот ќе цени колку долго ќе му биде потребно обезбедувањето. Па поранешен премиер не е институција која располага со такви информации. За тоа има служби и само тие треба да реагираат”.

Груевски изјави дека ова прашање се отворило како важно бидејќи неговата влада за разлика од претходните се борела многу со организираниот криминал. И досега поранешните премиери добиваа обезбедување по една година по истекувањето на мандатот.

Со новите предложени измени тоа време се зголемува, па наместо една обезбедување од државата премиерот ќе добива онолку години колку што бил на функција. А наместо тројца ќе добие право на шест обезбдувачи, како и службено возило и шофер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

ВЕСТИ May 8, 2026

По протестите пред Министерство за култура и потоа и пред Уставниот суд, Синдикатот на култура на…

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.