Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во полициската акција „Орион“ приведени пет лица

0
By Нова ТВ on November 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 22, 2013 14:49


Во голема полициска акција „Орион“ во Р.Македонија приведени се пет лица, додека останатите лица не се достапни на полициските органи и по нив се трага.

Во Р.Германија од страна на германските полициски служби на ден 21.11.2013 година, во извршени се претреси во вкупно 33 објекти на подрачјето на Хамбург и Хале, при што се пронајдени: 29 фалсификувани документи, документи со информации за пратки од Р.Македонија, компјутерска опрема, телефонски апарати, мемориски картички и друго.

На денешната прес-конференција, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, се работи за акцијата “Орион” за сузбивање на меѓународна криминална група која подолг временски период се занимавала со набавување и фалсификување на странски патни исправи, лични карти, возачки дозволи, сообраќајни исправи, осигурителни картички, дипломи, како и изготување на документи и исправи од институциите на РМ, а била составена од 13 лица.

Три члена на групата, на возраст од 25 до 33 години, биле задолжени да пронаоѓаат лица од Македонија кои се заинтересирани да им се изготват фалсификувани документи кои ќе може да ги користат за регулирање на својот престој во Р.Германија, но исто така добивале податоци за лица нарачатели на фалсификувани документи и од пет члена на групата од Германија, од кои еден е албански државјанин, кои таму пронаоѓале заинтересирани лица.

Потоа сите податоци ги доставувале до првоосомничениот кој ја вршел изработката на фалсификуваните документи, а по нивното изработување ги предавал на двајца други членови кои вршеле доставување до нарачателите или до сопственикот на туристичката агенција ФБИ компани од Скопје кој ја користел за испраќање на документите. Истите биле испорачувани и преку DHL и FedЕx до Германија, каде посредниците ја вршат доставата до нарачателите и наплатата на паричните средства. Овие лица по наплатата, дел од паричните средства му ги испраќале директно на првоосомничениот или пак преку второосомничениот, користејки ја услугата на Брз трансфер на пари.

Криминалната група имала добро разработен начин на делување, така што по остварени телефонски контакти, лични средби и договори, помеѓу посредниците и фалсификаторите од Р.Македонија, посредниците електронски доставувале фотографии и податоци за лицата за кои биле наменети фалсификуваните документи и видот на документот кој треба да биде изработен, а согласно на видот и квалитетот на фалсификуваниот документ била определувана и цената, која се движела од 800 до 1500 евра, додека за истите во Република Германија на лицата за кои биле наменети им се наплатувала повисока цена.

Вчера, врз основа на издадени наредби од страна на истражен судија, извршени се претреси во шест домови на дел од пријавените лица (во Скопје и Тетово) и во туристичката агенција ФБИ компани. При претресите пронајдени се телефонски апарати и СИМ картици, три десктоп и два Лап Топ компјутери, парични средства во износ од 9000 евра, документи од лица за Фонд за здравствено осигурување, сметки од Western Union, Шаблон со гумени букви, бројки и симболи за внесување на податоци на документитеи друго. Со наредби од истражен судија за увид во евиденциите на DHL и FedEx, обезбедени се товарни листови за остварени пратки од страна на членовите на групата.

По целосно расчистување и документирање на случајот, од страна на Одделот за гонење на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, поднесена e кривична пријава против 11македонски државјани на возраст од 25 до 55 години, од Скопје, Гостивар и Тетово и еден албански државјанин, поради постоење на основано сомнение дека истите се сторители на кривични дела „Злосторничко здружување“ и „Фалсификување исправа“, додека со меѓународна правна помош обезбедени се докази и за уште едно 29 годишно лице.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.