– Ако власта на ВМРО-ДПМНЕ навистина сака да покаже дека нивната намера не е блокада на работата на Општина Центар, институциите под нивна контрола нека овозможат Шиповиќ да се брани од слобода, регираат од СДСМ.
Во писмената реакција, најголемата опозициска партија тврди дека по неуспехот со фантомските гласачи од Пустец, владејачката партија презела низа на чекори за блокирање на работата на општина Центар.
„Своите партиски членови и активисти ги донесе пред општината за да ја окупираат и да спречат одржување на седница на Советот. Вршеа притисок врз советниците и ја кршеа општинската зграда. Но, тоа не им успеа. Спроведоа повеќемесечна опсада на општина Центар со притисоци на сите можни институции. Не успеаја. Се обидоа да купат и уценат советници. Не им успеа. Покренаа политичка хајка против претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ преку спроведување на полициска акција која самите ја нарекоа „Претседавач“. Со еден збор, направија се за да ја погазат волјата на граѓаните“, се вели во реакцијата на Социјалдемократскио сојуз.
Од партијата прашуваат што всушност демантира Центарот за комуникации на владејачката партија.
– Тие имаат проблем како со празни соопштенија за јавноста да ги оправда овие постапки на институциите под водство ВМРО-ДПМНЕ, кои се најголемиот параван на власта, посочуваат од СДСМ.




