Published: Friday, November 22, 2013 16:56
„Вчерашното пуштање во употреба на Основно училиште во Општина Чаир ги отвори на виделина случувањата во владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, соопштува СДСМ.
Според опозицијата загрижува тоа што коалицијата на власт не може да обезбеди почитување на законот. Тоа е серизен проблем кој се повторува. Имавме случаи со преименување на училишта. Веќе стана вообичаено во оваа коалиција да се отвораат проблеми со имињата на основните училишта.
– Сето ова е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не ја конторлира територијата каде што раководат кадрите на нивниот коалиционен партнер, министерствата и локалните функционери, смета СДСМ.




