Денеска и покрај сите предупредувања на СДСМ дека градежните работници се незаштитени и дека никој не се грижи за нивното здравје, повторно е повреден работник. Работник паднал од скеле додека работел на изградба на новата автобуска станица во Прилеп и тешко е повреден, реагира опозицијата.
Потсетуват дека само пред три дена беше загубен човечки живот во рудникот “САСА” и тешко беше повреден градежен работник од фирмата “Бетон”.
– Уште колку вакви случаи треба да се случат за Министерството конечно да се одважи и да превземе мерки за заштита и превенција на работниците?, прашува СДСМ.
СДСМ во своите предлог мерки има предвидено комплетно почитување на законската регулатива и посебна грижа за работничките права. Исто така и бенефициран стаж за градежните работници со оглед на тешките услови во коишто работат.
Бенефицираниот стаж за градежните работници беше поддржан и од Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање со поднесувањето иницијатива за истата.
СДСМ уште еднаш повикува Трудовата инспекција да излезе на терен со цел заштита на работничките права пред да биде доцна.




