Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борба против лажни вести: Топ листа на дезинформации во случајот „Рекет“

0
By Нова ТВ on August 6, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 6, 2019 12:08

Многу дезинформации протекоа низ медиумите за случајот „Рекет“. Тимот на F2N2 (Борба против лажни вести и наративи) регистрираше дел од нив. Би сакале да истакнеме дека освен бројните шпекулативни и дезинформативни наративи, она што исплови на површина кај медиумите за овој случај е речникот, со кој комуницираа голем дел од медиумите.

Медиумите мора да внимаваат на културата на говорот и етиката.  Новинарите треба да ги пренесуваат информациите, но притоа да ги почитуваат професионалните стандарди и етичките принципи, со цел информациите кои  ги презентираат на јавноста, да бидат објективни и точни.

Извршен претрес кај обвинителката Лиле Стефанова, обвинителство демантира

Оваа шпекулација ја објави Плусинфо на 15.07.2019 во 22: 56. Но, потоа ја обнови, дополнувајќи ја со информација од Обвинителство и изјавата на Стефановска, која за медиумите кажа дека ова не е точно.  Дезинформацијата ја пренесоа неколку медиуми: Нетпрес, Сигнал, Пресцентар, Вечер.прес, Бриф, Прес24.

Полицијата врши претрес во домот на Катица Јанева

Оваа дезинформација во медиумите ја објави Канал 5. Ја пренесоа многу медиуми.  Различни шпекулации ја надополнуваа оваа дезинформација.

Дезинформацијата беше демантирана од ОЈО, од каде посочија дека на Катица Јанева и е одземен мобилниот телефон. ОЈО не го посочи името на обвинителот кој е дел од случајот „Рекет“, но откри дека одземениот телефон на Јанева е со цел да се утврди дали постои поврзаност на обвинителот со Бојан Јовановски, кој е првоосомничен во овој случај.

Лиле Стефанова уапсена

Шпекулацијата првично е пласирана на приватен профил на лицето Александар Диневски, преку социјалните мрежи. Но, по брзиот демант за медиумите, и самиот Диневски ја избриша од својот профил.

Боки имал обезбедување од МВР

Во емисијата „Код“ директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, изјавува дека врз основани сомнежи лицето Бојан Јованоски користел службено обезбедување од МВР (од почетокот на годината), поради закани по неговата безбедност заради емитување на серијата емисии “Инсајдер“, при што АВМУ побарала од МВР информација да ја провери вистинитоста на истата.

Оваа информација се превзема и спинува од страна на поголем дел на медиуми при што се добива впечаток дека споменатото лице всушност имало службено обезбедување. На овој спин реагираа МВР, со одговор кон директорот на АВМУ по што следеше реакција и од директорот на АВМУ Зоран Трајчевски. Во овој случај преку спин се злоупотребени “КОД“ и Зоран Трајчевски.

Шифрата на телефонот од Катица

Со сензационалистички наслов, кој нема никаква цел, освен дискредитирање, порталот Скопје 1,пренесе реакции од приватни профили на социјалните мрежи. Пренесувањето на ставови од социјалните мрежи, нема никаква новинарска вредност, затоа што станува збор за лични ставови на поединци. Плус, самиот наслов е неетичен, а освен сензацијата со која се сака да се постигне брзо кликање, не нуди ни објективна, ни точна информација. Напротив, ваквиот говор во медиумите, со кој се поттикнува лична дискредитација е неетичен. Културата на говор во медиумите е многу важна.

Катица Јанева побегнала

Оваа дезинформација се појави по прес конференцијата на претседателката на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ. Шпекулацијата лесно ја прифатија дел од медиумите. Порталот Инфомакс се потруди да ја збогати со низа дополнителни дезинформации.

Порталот Скопје 1 пак, повторно во својот препознатлив стил, ги искористи социјалните мрежи и низ говор кој е недозволив за медиум, придонесе за ширење на оваа шпекулација.

Ширењето на дезинформациите беше спречено со прес конференцијата на самата Јанева. Овој настан пак, беше злоупотребен за бројни написи, преку кои се дискредитираше Јанева.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.