Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кинезите ја купуваат Грција!

0
By Нова ТВ on November 23, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 23, 2013 12:04

Трговската размена помеѓу двете земји порасна за 250 отсто во 2012 година а најголемиот инвеститор е COSCO кој практикува многу ниски плати, не дава здравствено осигурување а синдикатите се забранети. COSCO се правда дека “им дава работа на Грците”. Автор на текстот е Елиза Перигер.

Гордо и со насмевка, човекот ни покажува шише грчко масло од маслинки. На етикетата, грчки букви напишани со кинеска азбука. Производот е дел од грчкиот извоз кој е во мода и кој заминува за Кина исто како и “крзната од Воден, мермерот, виното, маслинките… “ ни раскажува Михаел Хатирис.

Тој е одговорен за грчко-кинеското здружение “Грција-Кина” кое се сместено во срцето на Атина. Пред 10 години, кога здружението било формирано, и кое промовира културни и трговски односи помеѓу двете земји, овој Грк не можеше ни да замисли дека ќе се создаде таква убава врска помеѓу Кина и Грција.

“Ние имаме заедничка култура, култура на филозофи, Конфучиус, Платон”, вели Хатирис гледајќи ги сликите од Партенон и кинескиот ѕид кои се наоѓаат на неговиот ѕид. “Духовна врска” која се додава на онаа трговската која е во полна експанзија. Билатералните трговски размени помеѓу Пекинг и Атина во овие последни години се во полн ек особено откако беше потпишан договор во 2010 година. Кинескиот премиер беше во посета на Атина и се обврза да ја спаси Грција со воведување на еден вид “кинески Маршалов план”.

Во 2012 година трговската размена порасна за 250 отсто во првиот триместар споредено со истиот период претходната година. За 2013 година размената изнесува 4 милијарди долари. Грција извезува од своите најпознати производи но и се повеќе студенти одат во Кина.

Акропол и неброените острови како Санторини, Миконос, Крит се исто така привилегирани дестинации на кои доаѓаат се повеќе кинески туристи, раскажува Хатирис. “За наредните 10 години планираме да примиме 2,5 милиони Кинези годишно”, рече во јули претседателот на Здружението на претпријатата на грчкиот туризам.

Социјален дампинг во Пиреја

Од својот прозорец брадестиот Грк гледа како во индустриското пристаниште пристигнуваат кинески бродови. Тоа не го радува. Од 2008 година Јоргос Гогос, генералниот секретар на Здружението на докерите на Пиреја, е револтиран поради тоа што кинескиот гигант Cosco се развива во најголемото грчко пристаниште. На сите протести против Cosco, некои насилни, тој присуствувал. И покрај социјалното незадоволство, гигантот успешно плови и работи на половината од терминалите утрострувајќи го бенефитот. Сега бара пат да се развие уште повеќе.

Cosco денес е симбол на кинескиот успех во Грција. “Успех” кој е дискутабилен, вели Гогос. “Нашиот проблем со Cosco не е неговото потекло од Кина туку праксата во менаџментот на работата”, вели тој откривајќи вистински социјален дампинг. Платите се исклучително мали, нема осигурување за сите 250 работници и оние неколкуте стотини привремени кои работат од “кинеска страна”.

“Двајца вработени се обидоа да направат синдикат но беа избркани од работа, нивниот случај сега е на суд”, вели Гогос.

Од своја страна Cosco тврди дека нема никаков илегален проблем и дека фирмата “им дава работа на Грците” во тежок период кога невработеноста изнесува 27 отсто на активното население.

“Европските докери се исплашени поради иднината и попуштаат пред условите на Cosco”, вели Гогос и додава дека паѓањето на стандардите за работа во една европска земја ќе направи другите да ја следат.

Извор близок до министерството за финансии потврдува дека во 2012 година е најголемиот инвеститор во Грција, делумно и поради учеството на Cosco.

Апетитот на Кина не запира тука. Кинезите би сакале да купат дел од атинскиот аеродром и на регионалните пристаништа, грчката железница (која владата треба да ја приватизира според својот план).

Грција ги привлекува Кинезите бидејќи таа е портата на влез во Европа, вели Стелиос Ставрдис, поранешен шеф на агенцијата за приватизација. Тие никогаш не криеле дека од Грција сакаат да направат свој центар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.