– Згрозени сме од политичката злоупотреба на сообраќајните несреќи со смртни последици и обидот на СДСМ на грбот на нечија смрт да собира политички поени, реагираат од владејачката партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Социјалдемократскио сојуз наместо да повика на одговорно однесување во сообраќајот и да се вклучи во јавните дебати и кампањи на конструктивен начин, тие покажуваат дека немаат капацитет да го надминат својот теснопартиски пристап.
– Би сакале да потенцираме дека досега оваа Влада има изградено и реконструирано над 1000 километри патишта низ цела Република Македонија, што е неколку кратно повеќе од тоа што СДСМ го направи во минатото. Втора работа која што СДСМ несака да ја земе во предвид е фактот дека со либерализацијата на увозот на половни возила во Република Македонија, за 60,69% е зголемен бројот на регистрирани возила, а со тоа драстично е зголемен и обемот на сообраќај, стои подолу во реакцијата.
ОД ВМРО ДПМНЕ апелираат СДСМ да не ги злоупотребуваат ваквите теми, заради тоа што тие никогаш не поддржале ниту една мерка и секогаш се противеле кога државните органи инсистирале на почитување на законите.




