Published: Sunday, November 24, 2013 11:27
Индискиот Врховен суд вчера донесе одлука со која му забрани на Субрата Рој и директорите на Сахара групацијата, да ја напуштат државата и да заминат во странство, пренесе индискиот весник „The Times of India“.
Судот донесе забрана и за продавање на било кој дел од имотот на компанијата, вклучувајќи ги и станбените објекти.
Ваквата одлука доаѓа откако Сахара групацијата не ја исполни одлуката за враќање на 20.000 крори (околу 4 милијарди долари) на регулаторното тело СЕБИ до 28 октомври.
Колку за потсетување, двајцата негови синови веќе добија македонски државјанства, а според информациите од владата дадени пред неколку месеци, Субрата Рој немал поднесено вакво барање, а доколку поднесе, истото ќе биде разгледано.




