Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“ на СЈО, е повикана на сослушување во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“, потврди за МИА Јавниот обвинител Љубомир Јовески.
Стефанова вчера беше спомената во снимените разговори што ги објавува интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“.
Таа во писмената изјава тврди дека осомничените Јордан Камчев и Цветан Панделевски се обиделе да извршат влијание врз предистрага за Империја, користејќи го нејзиното познанство со Ванчо Чифлиганец, кој како што вели Камчев во еден од разговорите му побарал дуќан за стоматолошка ординација за Стефанова.
Стефанова исто така во изјавата тврди дека Јанева му го укинала куќниот притвор на Камчев и му го вратила пасошот, иако таа како обвинител која го водела предметот Империја не се согласила со тоа.




