Нема заболени граѓани од антракс во нашата држава, информираат од Министерството за здравство откако во јавноста се појавија информации дека кај добитокот во делови од Република Северна Македонија се појавила заразната болест антракс.
„Министерството за здравство информира дека нема заболени граѓани од антракс во нашата држава. Ситуацијата внимателно се следи и се постапува високо стручно по најсовремени светски протоколи. Преземени се сите потребни мерки за превенција со профилакса од Антракс“, информираат од Министерството за здравство.
Во слујаот е вклучена и ситуацијата ја следи и Комисијата за заразни болести. Според информациите до кои дојде НОВА во петокот екипи од Факултетот за ветеринарна медицина и инспектори од АХВ и ДСЗИ биле во едно трло во близина на Кичево каде што имало неколку заразаени овци од атранкс при што велат биле преземени сите мерки според протоколот
Од Агенцијата за храна и ветеринарство која е одговорна за целата постапка дури сега најавија дека ќе се излезат со соопштение за да ја информираат јавноста.




