Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународен ден за борба против насилство врз жените

0
By Нова ТВ on November 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 25, 2013 12:02

Насилството врз жените претставува сериозна повреда на човековите права што феноменолошки се манифестира како резултат на дискриминаторски третман односно нееднаквост помеѓу мажите и жените.

Ценејќи ја потребата од посебна заштита на жените од овој вид насилство, Генералното собрание на Обединетите Нации со резолуција 54/134 на 17. декември 1999 година, го утврди 25. ноември за Меѓународен ден за борба против насилство врз жените, на што претходеше Декларацијата за борба против насилство врз жените од 20. декември 1993 година.

И покрај фактот дека насилството врз жените е глобална пандемија и околу 70 проценти од жените доживеале насилство во нивниот живот, во Република Македонија се пренебрегнуваат фактите и не се обрнува потребното внимание за подобрување на состојбите од аспект на негово спречување и заштита на жртвите.

За ова говори фактот дека жените – жртви на родово базирано насилство не ја добиваат соодветната заштита од институциите надлежни да им ја пружат таа заштита. Овој вид на насилство кај нас најчесто се случува во рамки на семејството и поради тоа се изедначува со семејното насилство, иако тоа е само една од формите низ кои се манифестира.

И покрај изменетата законска регулатива, правилниците и протоколите за работа, сепак во РМ механизмот на превенција и заштита на жените жртви на насилство во пракса не дава видлив и ефективен резултат односно соодветна заштита на жртвите и гонење на сторителите.

Уште при самото пријавување на насилството во полиција, во центрите за социјална работа и здравствените установи и минувајќи низ лавиринтите на системот, жртвите стануваат по втор пат жртви. Имено, полициските службеници кои првично се повикани да реагираат, многу често не се сензибилизирани ниту обучени за проблематиката и пријавите ги нотираат по своја лична проценка и убедување, а најчесто како „нарушување на јавниот ред и мир“ со што го минимизираат стореното кривично дело.

Од друга страна пак Центрите за социјална работа со нивниот слаб капацитет и мали ресурси, не се во состојба квалитетно и навремено да одговорат на пријавите на жртвите, особено не надвор од работното време. Насилството не се случува во „определено работно време“, а непостоењето на дежурни служби за соодветна и навремена реакција е еден од најгорливите проблеми кај нас.

Згрижувањето на жртвите во шелтер-центрите претставува дополнителен проблем, бидејќи нивниот број се намалува, а во повеќето градови низ државата воопшто и не постојат шелтер-центри, односно засолништа за привремено згрижување на жртвите на насилство.

Двојната виктимизација на жртвите особено се чувствува при постојаното повторување на настанот пред различни институции, што понатаму води кон „обележување“ на жртвата во средината во која живее и понатаму срамот ја одвраќа и обесхрабрува да води понатамошна постапка пред институциите.

Хелсиншкиот комитет потсетува дека Република Македонија е потписничка на Конвенцијата на Советот на Европа (Истанбулска конвенција) за спречување и борба против насилство врз жени и семејно насилство, која за прв пат во Европа утврдува правно обврзувачки стандарди за спречување на насилство врз жената, вклучувајќи го и семејното насилство, за заштита на жртвите и казнување на сторителите.

Годинешното одбележување на 25 ноември воедно претставува и апел до Владата и Собранието на РМ за поскоро ратификување на Истанбулската конвенција и прилагодување на домашната регулатива во согласност со одредбите на Конвенцијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.