– Доста бре луѓе со тоа ќе, ќе, ќе, ќе, аман дојдете на ум, зафатете се со вистинските проблеми на оваа држава, не ни требаат македонски села како бизнис играчи на ВМРО ДПМНЕ, не ни требаат нови дополнителни фонтани. Ни требаат патишта, ни требаат енергетски објекти, ни требаат училишта, болници, тоа е тоа што ни треба, порача пратеникот Сафет Бишевац на денешното 6-то продолжение на Комисијата за финансирање и буџет.
Бишевац вели за еден национален бисер каков што е Маврово, се разговара во идно време, „ќе направиме, ќе направиме, ќе направиме“, а на два километри од Скопје, на Водно, оваа држава, потенцира пратеникот Бишевац, по нечија луда замисла направила македонско село во мало, и потрошила милиони евра за да тој бизнис сега го нуди на приватни, „и се разбира на свои членови кој ќе го добијат како подарок од граѓаните и Владата на Република Македонија за да можат со пари на граѓаните да си прават бизниси“.
– Наместо на оваа држава од сите оние странски туристи да го збогатуваме националното богатство, да го зголемуваме буџетот, ние правиме се да во Маврово и овој крај, да тие странци, кои ќе дојдат еднаш излажани од владините реклами, веќе никогаш во животот да не посакаат, повторно да се вратат. Е има ли поголема срамота? Има ли поголема срамота за човек, за луѓе, за партија, за власт, наместо да го негува и сили тоа што Господ и природата им го понудила на тацна, да не го развиваат, дури би рекол и намерно да го уништуваат и после ќе слушаме ќе го направиме тоа, еве влезе во план во 2012, нели и во 2011 , како што кажа колешката. Ќе заврши и би требало да заврши 2015, а ќе заврши 2020 година, вели Бишевац.




