Амбасадорот на САД, Пол Волерс на излагањето на Универзитетот на југоисточна Европа имаше свој коментар на тема идентитет.
Треба да се дефинирате според вредностите, мислам оти не можете тоа да го направите според етничката припадност зашто сте различни, не можете да се дефинирате според верата зашто сте различни, не можете да се дефинирате според културата, бидејќи и таа е различна, донекаде иста но се разликува. Треба да дефинирате некоја заедничка основа, базирана на вредности со кои се идентификуваат сите. За ова ви се потребни повеќе дебати. Некои луѓе го градат идентитетот врз база на историјата и гледајќи назад во историјата. Јас затоа во моето обраќање упатив на можноста од опасност од пристапот за идентитетот. Многу луѓе во земјава го чувствуваат тој начин. Начинот базиран на вредности долгорочно дава поуспешни резултати. Може да се гледа во минатото и во иднината но треба да се остане позитивен, тоа е мојата сугестија, изјави американскиот амбасадор во македонија Пол Волерс на универзитетот на ЈИЕ во Тетово.
Во излагањето на оваа тема Волерс зборувајќи за себе вели:
Дедо ми беше Германец, баба ми Холанѓанка, јас сум третата генерација Американец. Ако ме прашате што мислам за идентитетот мислам дека треба да се дефинирате според вредностите. Потребни се повеќе дебати, порача денеска на предавањето на Штуловиот универзитет американскиот амбасадор Пол Волерс говорејќи на тема идентитети.




