Published: Tuesday, November 26, 2013 11:31
Дуња Мијатовиќ се надева дека Апелациониот суд ќе ја укине казната затвор од 4,5 години која Основниот суд 1 му ја досуди на новинарот.
„Кежаровски никогаш не требаше да биде гонет“, изјавува Дуња Мијатовиќ за Балкан Инсајт.
„Како и во многу други случаи, постојат околности каде што законите и правните системи не придонесуваат за слободата на медиумите“, додава Мијатовиќ. “Токму за ова политичкото водство и судството треба да најдат решение“.
Мијатовиќ ја поздравува одлуката на судот од 6 ноември со која му беше овозможен куќен притвор по цели 6 месеци поминати во притворот во Шутка.
Целиот напис прочитајте го на Балкан Инсајт.




