На денешната седница на Уставниот суд повторно не беше подесена времена мерка за замрзнување на оспорените одредби од Законот за лустрација, по поднесено барање на судијата известител Наташа Габер Дамјановска.
Дамјановска побара по втор пат времено запирање на дел од Законот за лустрација, но повторно уставните судии не изгласаа.
По 7 месеци од подготвителната седница од Владата не се доставени стенограмите за експертската расправа и судиите не можат да расправаат за уставноста на Законот за лустрација оспорен од Хелсиншкиот комитет и од адвокатот Стамен Филиповски.
Иницијативата беше поднесена во септември минатата година за оценување на уставноста на 13 одредби од Законот за лустрација, донесен во јуни минатата година.
Иницијативата се однесува на временскиот период опфатен со законот и одредбите кои дозволуваат објавување на имињата на поранешни соработници без судски налог, само со одлука на Комисијата за лустрација.
Ова е третпат, од 2008 година кога првпат беше донесен Законот за лустрација, тој да се најде пред Уставниот суд.
Новиот Закон за лустрација беше донесен откако Уставниот суд укина 12 одредби од стариот закон.




