Published: Tuesday, November 26, 2013 15:13
Скопскиот Апелациски суд ја одби жалбата на Обвинителството за организиран криминал со кое бараше новинарот Томислав Кежаровски да биде вратен во притвор во Шутка, јави Канал 5 ТВ.
Со тоа Апелација ја потврди одлуката на Кривичниот суд, Кежаровски да биде во куќен притвор. Кежаровски беше пуштен во куќен притвор на 7 ноември, но минатата недела Обвинителството поднесе жалба до повисокиот суд.
Првостепниот суд го осуди новинарот на затворска казна во траење од 4,5 години, но до правосилност на пресудата останува во куќен притвор.
Судот го прогласи Кежаровски за виновен за откривање на идентитет на заштитен сведок пред пет години и нему му се судеше во рамките на предметот „Ликвидација“.




