Според владејачката ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ прави споредба на реализација на Буџетот со планираното пред ребалансот.
„Кога веќе мешаат баби и жаби, зошто не прават споредба со 2001 година на пример, или со оние бројки што најубаво им изгледаат. Дефицитот за оваа година ќе биде 3,9 проценти, точно колку што е планирано со ребалансот“, се вели во реакцијата на владејачката партија.
Оттаму потенцираат дека Социјалдемократскиот сојуз е свесен дека најкрупните капитални проекти се во инфраструктурата, а дека Агенцијата за патишта од оваа година е издвоена од Буџетот, согласно тоа и капиталните инвестиции кои се реализираат преку неа.
– Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа и признанијата за добрите политики на оваа Влада доаѓаат од сите страни, вклучително и од ММФ и Светската банка, укажуваат во својата реакција од владејачката партија.
Правејќи споредба со ситуацијата во Грција, според партијата на власт, доколку СДСМ, биле на власт за време на светската економска криза ќе ја доведеле Македонија во ситуација и полоша од нашиот јужен сосед.




