На патниот правец Тетово-Попова Шапка воведена е забрана за тешки товарни возила и автобуси, а за останатите видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема информираат од ЈП „Македонија Пат“.
Оваа забрана е воведена вчера во 18:00ч. Забраните на планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Дебар се укинати во текот на ноќта.
Сообраќајот на сите државни патишта низ Македонија се одвива отежнато и во зимски услови со наместа остатоци од кашест снег, а поради ниските температури можна е појава на голомразица.
Појава на магла со видливост од 50 до 100м е регистрирана на патниот правец Кратово – Пробиштип и на планинските премини Плетвар и Ѓавато.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.




