Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Акција „Отпад“: Приведени седуммина за перење пари

0
By Нова ТВ on November 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 27, 2013 14:21


Министерството за внатрешни работи ја реализираше Оперативната обработка „Отпад“ со која е откриена и разбиена криминална група која подолг период наназад и нанесуваше двојна штета на државата и тоа од финансиски аспект преку затајување на даноци и од аспект на стимулирање на незаконската трговија со железо и метални производи, односно поттикнување на зачестените кражби на метал.

Поднесени се кривични пријави против 14 физички лица од нив од Велес, Охрид, Скопје – сопственици на фирми кои затајувале данок и переле пари со фиктивни фактури.

МВР денес изврши се претреси во домовите на три физички лица и во 2 правни лица при што пронајдени се компјутери и документација од друштвата со кои располагале членовите на криминалната група. Седум члена на криминалната група се приведени и предадени на истражен судија при Основен суд Скопје 1, а по останатите се трага.

Според МВР, криминалната група била формирана во 2010 година од страна на четворица од осомничените со формирање на правното лице Николчев Груп, преку кое започнале со вршење на даночното затајување.

Во текот на 2011 година, против дел од членовите на криминалната група веќе беше поднесена кривична пријава за сторени кривични дела “даночно затајување“ чл 279 (случај „Ариел“) и против нив е во тек судска постапка.

Покрај поднесената пријава, членовите на групата продолжиле со вршење на истите кривични дела, но го смениле начинот на делување, односно основале повеќе правни лица.

Со лажните фактури се покривал откупот на отпадно железо кое го вршела криминалнта група “на црно“ за кое плаќањето се вршело во готовина надвор од платниот промет. Со плаќањето на лажните фактури на сметките на наведените правни лица се обезбедувал прилив на поголеми износи на парични средства кои се подигани како готовина и користени за набавка на нови количини на отпадни суровини од дивите собирачи надвор од платниот промет – “на црно“.

Во текот на 2012 година со одлука на Владата на РМ од мај 2012 година и со измени на Законот за управување со отпад во септември 2012 година извршено е ограничување на откупот на отпадни суровини од физички лица, најпрвин дека плаќањата мора да бидат извршени преку трансакциска сметка, а со измените на законот се ограничува максималниот износ на 30.000 денари на годишно ниво за физичко лице кое ќе предаде отпадни суровини во правни лица кои вршат откуп.

Поради наведените законски и подзаконски измени, криминалната група го менува својот начин на делување на тој начин што ангажирала посредници кои за одреден паричен надомест набавиле трансакциски сметки и фотокопии од лични карти од околу 500 физички лица од повеќе градови во Р.Македонија (Скопје, Охрид, Битола, Прилеп и Струга) на кои се префрлани најчесто по 30.000 денари за “наводно“ извршен откуп на отадни суровини.

Веднаш по префрлањето на парите физичките лица ги подигале истите од трансакциските сметки и ги предавале на рака на посредниците кои ги ангажирале или пак на некој член на криминалната група. Криминалната група за “наводниот“ откуп на отпадно железо од овие физички лица изготвувала лажни кантарни белешки од правните лица со кои располагала (најчесто од Глобал Метал Скрап). Од преземените мерки и активности и извршените разговори со дел од лицата на кои се префрлени парични средства утврдено е дека истите немаат предадено отпад во правните лица од кои им се уплатени парични средства на трансакциските сметки, а за извршената услуга физичките лица добивале од 500 до 1.000 денари.

Со ваквиот начин на користење на правните лица Николчев Груп ДООЕЛ, Глобал Интернешенал ДООЕЛ, БМ Мамудовски Метал Груп ДООЕЛ, Алуче ДООЕЛ, Отпад Мац ДООЕЛ, Метал Поцес Терм ДООЕЛ, Маестрал Плус ДООЕЛ, Стилворк ДООЕЛ, Тадиќ Рисајклинг ДООЕЛ, Ника Скрап ДООЕЛ и ТП Дасто 2012, злосторничкото здружение успеало да затаи ДДВ во вкупен износ од 54.466.589 денари и персонален данок во вкупен износ од 20.660.137 денари, односно по двата основи да затаи данок во вкупен износ од 75.126.796 денари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.