СДСМ и Петре Шилегов денес изнесоа голем број на неточни и паушални информации поврзани со спроведување на акцијата “Ден на дрвото”. Така СДСМ си ги прикрива своите неуспеси и се теши заради успесите на оваа Влада, реагира ВМРО – ДПМНЕ.
ВМРО – ДПМНЕ ги презентираше следните информации:
– Површините под шума во Република Македонија континуирано се зголемувааат во површина и во дрвна маса според сите официјални домашни и меѓународни статистики, што ги демантира од изнесените паушални наводи на Петре Шилегов.
– Во период од 2007 до 2012 година, без податоците за оваа година ЈП Македонски шуми во склоп на Акцијата “Ден на дрво“ и во редовните пошумувања има засадено над 51.432.310 садници. Просечна цена на садниците кои беа произведени во расадниците на ЈП Македонски шуми е 7 денари, а не 1 евро парче како што лажеше Шилегов. Целокупниот број на потребни садници и оваа година е домашно производсто на расадниците на ЈП Македонски шуми и не се вршени никакви набавки, тендери и увоз на садници. Заради грубите лаги и заради обидот да се нафрли сомнеж бараме од Петре Шилегов да се извини.
– По секое засадување Државниот инспекторат за шумарство и ловство, врши увид на засадените површини и записнички констатира големина на засадените површините и број на садници. На пролет се констатира и процент на прифатеност. Процентот на прифатеност констатиран од Државниот инспекторат за шумарство и ловство за период 2008, 2009 и 2010 е 61,35 % што е повеќе од европскиот просек.




