Ескалираше ситуацијата со штрајкот на машиновозачите. Тие од попладнево стапија во штајк со глад. Од независнит синдикат за 24 Вести изјавиле дека на ваквиот чекор се решиле по наредбата тие насилно да бидат исфрлени од нивните простории во фирмата.
По неуспешниот обид за штрајк и саботажа како што велат од раководството на државната компанија, тие се решија на најригорозната мерка.
За утре е најавена целосна блокада на железничкиот сообраќај.
„Веќе од утре машиновозачите кои прифатиле да управуваат со возовите нема да најдат замена и ќе нема услови за нормално одвивање на сообраќајот“, рече на прес-конференција Латко Јовановски, претседател на НСММ, објаснувајќи дека тоа било денеска направено бидејќи имале притисок од раководството.
Машиновозачите бараат решавање на проблемот со прераспоредувањето на машиновозачи на ниски работни позиции поради губење на правата здравствена група, исплата на платите до 25 во месецот, како и пресметка на платите според методологијата во МЖ Инфраструктура во Колективниот договор.
Според Јовановски, машиновозачите се револтирани од намалувањето на бенифицираниот стаж за четири месеци, а тоа било договорено интерно без знаење на синдикатот.
Лошите услови за работа и ненавременото исплаќање на платите на неколку пати ги натера машиновозачите да пристапат кон организирање на протести и штрајкови. Последниот поголем прекин на работата на железничарите беше на почетокот од оваа година.




