Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лидерите на Г7 блиску до договор за помош во справувањето со пожарите во Амазонија

0
By Нова ТВ on August 26, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 26, 2019 09:19

Лидерите на Г7 на самитот во Биариц, изразија подготвеност да му помогнат на Бразил во борбата против пожарите што се шират низ Амазонија и да ги обноват прашумите, додека десетици илјади војници се приклучуваат во гаснењето на пожарот што го вознемири светот.

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека лидерите на самитот се близу до договор за поддршка за Бразил, додавајќи дека договорот ќе вклучува и технички и финансиски механизми за да биде помошта што е можно поефикасна.

 

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нејзината и другите земји ќе разговараат со Бразил за пошумување на Амазонија кога таму ќе се изгаснат пожарите.

„Секако, тоа е бразилска територија, но во прашање се прашуми и тоа е навистина глобално прашање. Белите дробови на Земјата се загрозени, затоа мора да најдеме заеднички решенија“, рече Меркел.

На самитот на Г7 во Биариц, Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон разговараа со претседателот на Чиле, при што германскиот канцелар се изјасни дека тие ја нудат „целата можна логистичка и друга помош“, што ќе ја организира ЕУ.

Папата Франциско ги повика верниците да се молат пожарите на Амазонија да бидат ставени под контрола што е можно поскоро.

„Сите сме загрижени за пожарите во Амазон“, рече Папата, предупредувајќи дека прашумите се клучни за нашата планета.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро објави на Твитер дека разговарал телефонски со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој рече дека Израел ќе испрати авион за да помогне во гаснење на пожарите.

Болсонаро во петокот објави дека неговата влада ќе испрати 44.000 војници за да помогне во гаснењето на пожарите во прашумите на Амазонија, но досега се испратени само неколку стотици.

Одлуката за ангажирање на војската следи по многу критики кон претседателот на Бразил, Болсонаро и за тоа како тој реагирал на кризата.

И покрај загриженоста од меѓународната заедница, Болсонаро пред новинарите изјави дека ситуацијата се враќа во нормала. Тој исто така рече дека „разговара со сите“ за проблемот, вклучувајќи ги и американскиот претседател Трамп, шпанскиот премиер Педро Санчез и неколку лидери на Јужна Америка.

Макрон цел на навреди поради критиките

Бразилскиот министер за образование Абрахам Вејнтрауб е највисокиот полчитичар по ранг кој упати навредливи зборови за Макрон, откако тој ги повика бразилските власти на одговорност за пожарите.

„Макрон не е на ниво на оваа дебата. Тој е само опортунистички кретен кој бара поддршка од француското аграрно лоби“, напиша министерот откако Макрон се спротистави на договорот за слободна трговија ЕУ-Меркосур.

„Франција е држава на крајности. Таму се родени Декарт и Пастер, но исто така и колаборационисти со нацистите од Втората светска војна“, додаде Вејнтрауб.

„Французите одбраа претседтаел без карактер. Тој кретен Макрон треба да биде нападнат, гласи твитот на бразилскиот министер за образование.

Во петокот синот на претседателот Болсонаро – Едуардо, кој е пратеник и иден нов амбасадор во Вашингтон, објави на Твитер видео снимки од протестиоте на Жолтите елеци во Франција со текст: „Макрон е идиот“.

Олаво де Карваљо, писател и „гуру“ на Жаир Болсонаро, кој живее во САД, си поигра на Твитер со презимето на Макрон и го нарече – „Макрокон“ (од Macron и con, што на француски значи „глупак“).

Пожарите во Амазон се закана за светот

Сателитските слики покажуваат дека повеќе од 41.000 пожари избувнале оваа година во областа Амазонија оваа година, од кои половината само во овој месец.

Прашумите во Амазонија, познати и како „бели дробови на светот“, се едни од највредните ресурси што светот ги има во борбата против климатските промени затоа што апсорбира огромни количини на јаглерод диоксид и произведува кислород.

Кога ќе се појави шумски пожар, во атмосферата се испушта јаглерод диоксид, што го зголемува нивото на јаглерод, а научниците стравуваат дека наскоро ќе се дојде до точка кога ни Амазонија нема да може да прима и задржува доволно јаглерод, што ќе оди директно во атмосферата.

Би-Би-Си наведува дека тоа може да доведе до климатски катастрофи и да се поништат сите климатски цели поставени од многу земји.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.