Published: Thursday, November 28, 2013 09:59
Од вчера попладне машиновозачите штајкуваат со глад, откако било наредено од раководството насилно да бидат исфрлени од нивните простории во фирмата.
За денеска најавија целосна блокада на железничкиот сообраќај.
Латко Јовановски, претседател на НСММ вчера истакна дека причина за штрајкот се лошите услови за работа, ненавременото исплаќање на платите и прераспоредувањето на машиновозачи на ниски работни позиции.
Последниот поголем прекин на работата на железничарите беше на почетокот од оваа година.




