Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ донесе одлука за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2013 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес.
1. Во областа на воспитанието и образованието наградата му се доделува на проф. м-р Аџи Фида, педагог – методичар.
2. Во областа на културата и уметноста наградата и се доделува на доц. м-р Александра Мијалкова, примабалерина.
3. Во областа на здравството наградата им се доделува на проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург и на примариус др. Коте Тасевски, специјалист ендодонт.
Наградата на добитниците ќе биде врачена на 8 декември 2013 година во свечената сала на Собранието на Република Македонија, соопштува Одборот за државната награда „Св. Климент Охридски“, чиј претседател е академик Вера Битракова – Грозданова.




