НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адеми: Нема потреба од штрајк, подготвени сме за разговори со СОНК

0
By Нова ТВ on August 27, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за образование и наука Арбер Адеми смета дека нема причина во понеделник на 2 септември да се одрижи најавениот предупредувачки штрајк на СОНК и вели дека би сакал синикатот да се откаже од намерата.

– Би сакал да се откажат од најавениот предупредувачки штрајк, бидејќи навистина нема причина за тоа. Штрајк се организира кога нема решение, а ние нудиме решение – зголемување на платата за пет проценти во 2018 година и пет проценти 2019 година. Ќе има и идно покачување  на платите во дејноста образование, но колку ќе биде и од кога не можам сега да кажам, бидејќи ги немаме разгледано сите параметри и ја немаме јасната слика од обврските што сме ги презеле како држава  за следната година. Кога ќе бидат јасни податоците тогаш благовемено ќе излеземе и ќе кажеме колкаво ќе биде следното покачување на платите, изјави министерот Адеми, одговарајќи на прашање пред почетокот на конференцијата „Реформа на техничкото образование во стручните училишта во Република Северна Македонија“.

Тој посочи дека платите во средното и основното образование во изминатата година се покачени за 10,8 проценти, а после неколку години прват годинава се покачуваат и платите во високото образование и во науката.

-Не би сакал да има ни предупредувачки штрајк во понеделник, имајќи предвид дека тоа ќе биде првиот ден на образовната кариера на првачињата кои на свечен начин на тој ден го почнуваат нивниот нов живот. Да не им го упропастиме тој ден, бидејќи навистина нема причина за тоа и веќе сме покажале дека сме на иста страна со СОНК и имаме заедничка цел – подобрување на статусот на вработените во образовната дејност. Велиме ќе седнеме ќе преговараме и заедно ќе ги разгледаме сите параметри и ќе одлучиме за идното покачување на платите. Има волја од страна на Владата да продолжиме со тој тренд и за идно покачување на платите. Затоа нема потреба да се организира било каков штрајк, рече Адеми.

Појасни дека во петокот учествувал на седницата на Советот на СОНК и го пренел ставот на Владата дека нејзини приоритет е подобрување на статусот на сите вработени во секторот образование. Нагласи дека и вчера телефонски контактирал со претседателот на СОНК Јаким Неделковски и најави дека и неделава ќе има нова средба.

-Имаме добри релации и солиден социјален дијалог. СОНК е запознаен со секој наш чекор што сме го направиле последниве 14 месеци. Контактирани се пред време и за законските решенија, барајќи од нив  предлози и коментари кои сме ги добиле и повеќе од нив сме ги инкорпорирале во законите, но и во делот на платите. Имаме заедничка цел и треба да седнеме заедно и на конструктивен начин да одлучиме колку се можностите. Ајде да преговараме дали можеме или не можеме да ја покачиме платата. Ние велиме можеме, а колку ќе биде тоа идно покачување на платите зависи од параметрите. Да ги разгледаме заедно и да одлучиме заедно, бидејќи ни е заеднички приоритет и цел подобрувањето на статусот на вработентие во секторот образование, порача Адеми.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.