НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

В четврток прв состанок на работната група за ветинг во МВР

0
By Соња Трајковска on August 27, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обезбедување на консензус меѓу главните политички субјекти е клучниот сегмент за спроведување на ветингот во Република Северна Македонија, беше констатирано на денепната Шеста сесија на Работната група IV на тема „Ветингот како мерка за остварување на интегритет на институциите.

Од дебатата произлезе и предлогот дека е неопходно да се спроведе комплетна и комплексна анализа на фактичката состојба, потребата, постапката и последиците од ветингот во областа каде тој ќе се спроведува. Експертите се согласија и дека е значајно институциите што планираат да спроведат процес на ветинг кадровски да се подготват за да ги заменат вработените кои нема да го поминат процесот на ветинг, а со цел институциите непречено да ја спроведуваат својата функционална надлежност.

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска смета дека ветингот во полицијата е една алка во системот на ланецот од институции кои треба да го поминат овој процес за да постигнат задоволителни резултати.

– Проверката е збир на активности кои се насочени на преиспитување на интегритетот на поединците, а земјите кои транзитираат кон демократија и мир, често пати ги користат таквите процеси со цел да се осигураат дека насилните или некомпетентните јавни службеници ќе бидат исклучени од новиот состав на јавната служба, појасни Несторовска и додаде дека кај нас не треба да се прави само евалуација туку да се отстранат оние кои направиле неправди и прекршување на човековите права, а за тоа добиле и награда.

Несторовска информираше дека веќе в четврток на 29 август треба да се одржи првиот состанок на работната група за ветингот во МВР кој треба да го отвори министертот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Работната група до 1 октомври треба да подготви предлог план кој ќе се достави до Владата на усвојување.

Професорот на Факултетот за безбеднбост Трпе Стојановски предупреди дека е потребно да се преземат повеќе сериозни чекори пред да се пристапи кон ветингот.

– Потребна е искрена политичка волја за овој процес, легислатива која ќе го овозможи тоа, избор на лица кои треба да ги направат овие чекори, континуирано менаџирање на процесите на стратешко и оперативно ниво и  обезбедување на институционално одржливо спроведување на проверки и  одржување на интегритетот на еднократната постапка која би се однесувала на ветингот, нагласи Стојановски.

Тој рече дека неопходна е улогата и поддршката од меѓународната заедница која ќе придонесе за поголем интегритет и важноста на ветингот како процесот кој се спроведува.

Искуство сподели Андреа Јалечова од Националните безбедносни власти на Словачка која е независна државна институција за заштита на класифицирани информации, формирана во 2001 година со цел интеграција на земјата во ЕУ и НАТО.

-Институцијата која сака да изврши ветинг доставува барање за лицето и негова согласност за да биде подложено на ветинг, бидејќи ако лицето не е согласно не може да се направите проверка. Вториот чекор е барање на информации од институциите. Во Словачка имаме можност за полиграф, а таа процедура може да ја побара самото лице кое е подложено на ветинг, информираше Јалечова.

Информациите добиени од ветингот, појасни таа, се класифицирани и се строго чувана тајна во архивите на Националните безбедносни власти. Во Словачка ветингот го поминале обвинители, професионални војници, полицајци, вработени во министсретсвото за надворешни работи

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.