Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ: Жерновски, Заев и Шеќеринска веднаш да поднесат кривични пријави

0
By Нова ТВ on November 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 28, 2013 16:01

ВМРО-ДПМНЕ инсистира Андреј Жерновски без понатамошни одлагања и без обиди за изнаоѓање изговори да поднесе кривични пријави против тие за кои сметаат дека ги прекршиле законите, а поврзано со проектот Скопје 2014 и тоа да го стори лично како Градоначалник, се вели во реакцијата од владејачката партија, откако Жерновски најави дека извештајот ќе го однесе во Јавното обвинителство.

>> Над 8 милиони евра штета поради незаконитости во Скопје 2014

„Истото го бараме и од Зоран Заев, Радмила Шеќерински и од сите кои минативе пет години се расфрлаа со обвинувања и тресеа суми од 500 милиони, 200 милиони, 2 милјарди, 100 милиони, па денес дојдоа до 8 милиони“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцираат дека Андреј Жерновски, Радмила Шеќеринска и Зоран Заев треба да престанат да се кријат зад комисии, зад соопштенија, зад институции, обвинителство, платени портали и сами без одлагање, врз основа на закон да поднесат кривични пријави за паушалните тврдења дека не се почитувани законите при реализацијата на проектот Скопје 2014 од страна на Општина Центар.

– Андреј Жерновски и СДСМ сакаат оваа тема да не се расчисти и врз база на ваквите дневни, паушални и неосновани тврдења за кои немаат законско покритие и во иднина да си тераат своја политичка кампања. ВМРО-ДПМНЕ инсистира да се оди до крај. Ние нема да отстапиме. Ние сме сигурни во своите политики и тврдења. Ние нема да им дозволиме и во иднина да се расфрлуваат и да вадат од ракав разно разни суми кои денес се 8 милиони, вчера беа 200 милиони, пред тоа беа 500 милиони, беа и до 2 милјарди – стои понатаму во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи целата неработа и безидејност на Андреј Жерновски и целиот кадровски дефицит и внатрешни проблеми кај СДСМ да се покрива со лажни и паушални обвинувања за реализација на проектот Скопје 2014.

Според партијата на власт, цели 5 години и Андреј Жерновски и СДСМ зборувале само за Скопје 2014 и треселе од ракав суми од кои може да боли глава.

– За да биде јавноста испочитувана и за да стигне вистината би сакале да ги потенцираме следните факти: во сите постапки се почитувани правните нормативи од Законот за јавни набавки и од сите материјални закони, во секоја постапка биле почитувани правото на жалба, надзор над спроведувањето на набавката, комисиското одлучување, одлучувањето за намената на средствата, спроведена ревизија од надлежните државни органи итн.

Оттаму порачуваат до Жерновски и до СДСМ, дека времето на крупните лаги за проектот Скопје 2014 година е завршено, и реагираат дека сега е време кога мора да се расчистат работите до крај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.