Груевски, Канческа Милевска и власта на ВМРО-ДПМНЕ според експертските ревизорски наоди за проектот Скопје 2014 се фатени во милионски криминал и оттаму се нивните огромни нервоза и немир, го соопштува ставот СДСМ, по објавениот ревизорски извештај на двоецот Малиновски-Тасева во Општина Центар.
-На тендерите за Скопје 2014, според ревизијата, биле прифаќани понуди поскапи и до 227 проценти. Констатирано е и местење тендери и штети по општина Центар од неверојатни 8 милиони евра.
Власта на Груевски ќе треба да одговара за досега незапаметените злоупотреби пари на граѓаните.
Вториот ревизорски извештај за контоверзниот проект Скопје 2014 само ги потврдува тврдењата на СДСМ дека станува збор за криминален мега скандал, невиден од независна Македонија.
СДСМ укажува дека сите надлежните иституции треба да го испитаат случајот по службена должност.
Во спротивно ќе бидат соучесници во матните бизниси на власта на Груевски во врска со проектот Скопје 2014, соопштува СДСМ.




