Published: Thursday, November 28, 2013 22:36
Патниот правец Ресен – Охрид, во близина на селото Избишта, попладнево е пуштен за сообраќај, информира „Македонија пат“. Сообраќајот на овој патен правец беше во прекин поради сообраќајната несреќа во која имаше превртен шлепер на коловозот.
Имаше забрана за сообраќај на тешки товарни возила на делницата Нов Дојран – Стар Дојран поради излизгување од коловозот и превртување на шлепер и патничките возила се пренасочуваа по алтернативен пат.




