Published: Sunday, September 1, 2019 22:57
Голем пожар вечерва избувна во Катланово, над бензинската пумпа на автопатот Велес–Скопје. Гори нискостеблеста шума, а стихијата се шири кон повисокиот дел со борови дрвја. Како што објавија од Пожарната станица во Скопје, зафатена е голема површина.
На терен се 8 возила.
-Засега гори нискостеблеста шума, но пожарот се шири кон боровите. Веднаш интервениравме, најпрво со две екипи, а потоа, откако беше побарано засилување, испративме уште пет. Засега не можеме точно да кажеме од што избувнал пожарот, само се обидуваме да го изгаснеме или локализираме, изјави командатот на Противпожарната бригада Скопје Владимир Симоновски.
На Фејсбук се појавија и видеа од пожарот кој е непосредно до патот.
Фото: Пожарна Скопје (Фејсбук)







