Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адеми: Нема причина за штрајк, во добар дел од училиштата почна школската година

0
By Нова ТВ on September 2, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 2, 2019 10:51

Со СОНК имаме коректен и конструктивен  социјален дијалог и ќе го продолжиме. Ќе ги разгледаме сите податоци и аргументи и во партнерски однос со Синдикатот ќе одлучиме како Влада за идното покачување на платите на наставниците,  изјави министерот Арбер Адеми при посетата на ОУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче.

Го почитува синдикалното организирање и одлуките на СОНК, но како министер за образование и директно вклучен во политиките за креирање подобар национален образовен систем обврска му е, како што рече, да ги повикува учениците и наставниците да дојдат на првиот училишен ден и притоа им посака успех во претстојната учебна година.

За медиумите Адеми изјави дека не знае во колку училишта се штрајкува, но оти во добар дел новата учебна година почнала нормално и со организирање приредби за првачињата.

– Немам информација во колку училишта се штрајкува зашто уште е рано, но знам дека во добар дел првиот училишен ден се одвива на нормален начин, се организираат приредби и очекувам така и да продолжи, изјави Адеми во ОУ „Лазо Ангеловски“ кое го избрал за посета на  првиот училишен ден бидејќи МОН таму за  реконструкција има инвестирано  речиси 10 милиони денари.

Како и на вчерашната прес-конференција, повтори дека нема причина за штрајк зашто Владата, како што рече, е силно ангажирана да го подобри статусот на наставниците и дека од август 2018 до овој септември платите на наставниците се зголемени над 10 отсто со двете покачувања од по пет проценти.

– Оваа година почнува поинаку, имаме нов закон за основно образование, кој третпат по осамостојувањето на земјата е целосно нов и донесен без ниту еден глас против. Имаме нов Закон за наставници и стручни соработници кои недостигаше во државата. Имаме второ покачување на платите за една година за дополнителни 5 проценти и септемвриската плата споредувајќи со августовската плата во 2018 е покачена за 10,8 проценти. Повеќе пари за 1,3 милијарди денари  за основното и средното образование во 2019 споредено со 2017 година. Целосно реформирано средно стручно образование, нови наставни програми по одделни предмети и нови капитални инвестиции во училиштата, истакна Адеми.

На најавите од СОНК дека денешниот предупредувачки штрајк од октомври може да стане генерален ако нема заемно прифатливо решение на нивното барање за плати повисоки до 25 проценти, Адеми одговори дека не очекува дека ќе дојде до тоа зашто, рече, се движат во добра насока.

-Очекувам да не дојде до тоа. Сумите што ги соопштуваме се добар показател како се движиме. Не е малку над 1,3 милијарди денари повеќе за основното и средното образование за две години. Затоа нема причина за организирање штѕрајк. Тој се организира кога нема решение, ние имаме и нудиме решенија. Се движиме во добар правец, така ќе продолжиме и во слкедниот период, нагласи Адеми.

Покрај „Лазо Ангеловски“, тој денеска е во посета и на  ОУ „Бајрам Шабани“  во село Кондово во Сарај, каде што исто така, како што рече, МОН има значителна капитална инвестиција.

Според директорот на „Лазо Ангеловски“  Перо Арсеновски,  во нивното училиште работата денеска почнала во 7.30 и имале настава со вишите одделенија од петто до деветто. На новинарско прашање одговори дека имаат обезбедено просторија за штрајк, но дека не гледа, како што рече, некој што е заинтересиран за штрајкот.

-Има многу, многу мал број. Јас не се инволвирам, ниту сакам. Според мене, покачувањето никогаш не е доста, меѓутоа во моментов тоа е тоа, други го кажуваат тоа, рече директорот на ОУ „Лазо Ангеловски“ во кое настава следат 1490 ученици, а 198 оваа година се првачиња.

Синдикатот за образование, наука и култура вчера соопшти дека ја активира одлуката донесена на 23 август да организира предупредувачки штрајк на првиот училишен ден (2 септември) и наставата да почне наредниот ден (вторник) зашто во изминатата недела со МОН не постигнале заемно прифатливо решение околу платите на наставниците.

СОНК не се согласува со 5 отсто покачување на платите, кои наставниците ќе ги добијат со платата за септември, и бара да бидат повисоки за онолку проценти за колку што е зголемена минималната плата во државата, односно до 25 отсто. СОНК очекува преговори со МОН до крајот на месецов за да се усогласат, а ако нема напредок можно е да организира генерален штрајк.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.