Published: Friday, November 29, 2013 11:31
Две лица се уапсени во Кочани а по едно се трага, во рамки на полициската акција која утринава се спроведува за сузбивање на фалсификатори на бугарски лични документи.
Од осомничените шест лица, два се наоѓаат надвор од Македонија, а едно лице веќе издржува казна затвор.
Акцијата се спроведува во соработка со бугарската полиција. За меѓународната криминална група која изработувала фалсификувани бугарски лични карти и пасоши, се очекуваат детали во текот на денот.




