Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По предупредувачкиот штрајк, од денеска сите на настава

0
By Нова ТВ on September 3, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 3, 2019 08:34

Во основните и средните училишта денеска на настава се сите вработени откако вчера заврши предупредувачкиот штрајк на наставници членови на СОНК и тие што солидаризираа со нив.

Штрајкувачите вчера беа на работа без работни обврски, а оние што не пристапија имаа часови. Во училиштата кои не истакнаа известувања дали ќе организираат настава, учениците и нивните родители самите ја решаваа дилема дали да го слушаат повикот од МОН да се дојде на училиште или на СОНК да не се доаѓа. Некои родители на помали деца избраа наставата да ја почнат денеска за да бидат сигурни дека тие ќе бидат згрижени.

Првачињата, главно, секаде беа прифаќани, а во повеќе училишта беа организирани и приредби за почетокот на нивното основно образование.

Предупредувачкиот ден помина со исти позиции на МОН и СОНК околу платите на наставниците – министерот Арбер Адеми со аргументот дека за 10,8 отсто им се зголемени платите од август 2018 до септември 2019, а лидерот на СОНК Јаким Неделковски со укажување дека државата им должи уште онолку проценти за колку што е зголемена минималната плата во државата, или до 25 отсто.

– Не се штрајкува кога имаме одлука за повисока плата за нови 5 проценти од септември.  Со СОНК имаме коректен и конструктивен  социјален дијалог и ќе го продолжиме. Ќе ги разгледаме сите податоци и аргументи и во партнерски однос со Синдикатот ќе одлучиме како Влада за идното покачување на платите на наставниците,  изјави Адеми.

Лидерот на СОНК, пак, задоволен од одѕивот на наставници вклучени во штрајкот во сите општини, порача дека „веќе е време да се отворат картите зашто песочниот часовник одбројува“. Очекува преговори со МОН во текот на септември од кои ќе зависат нивните следни чекори наредниот месец.

– Месеци наназад немаме конкретна понуда колку и од кога. Мислам дека во септември веќе картите ќе бидат отворени затоа што песочниот часовник одбројува. До крајот на септември ние мора да изнајдеме заемно прифатливо решение во однос на прашањето за зголемување на платите за во октомври да знаеме што понатаму, изјави Неделковски.

И додека МОН и СОНК ќе преговараат за да договорат  проценти за платите, за околу 260 илјади средношколци и основци почна нова учебна година. Според податоците на МОН, околу 20 000 од нив се првоодделенци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.